Хетафе во 12. коло ја забележа првата победа во Примера. На „Колосеум Алфонсо Перез“, Гетафе предводен од Енес Унал го победи Еспањол со 2:1. По ова коло единствен тим без победа е Леванте. И покрај победата, Гетафе останаа последни на табелата со шест бода.
Интересен меч, со многу тензии одиграа Хетафе и Еспањол. Унал блескаше со два гола. Првиот беше во стилот на најголемите мајстори, со ножички го совлада ветеранот Диего Лопез во 31.минута.
Седум минути подцна Еспањол израмни преку Серхи Гомез.
Конечниот резултат го постави Унал во 56.минута по асистенцијата на Карлос Алења.