Top Sport

Наполи победи во дербито на југот – Елмас играше од 60.минута

Наполи ја забележа десеттата победа во Серија А. Наполитанците по триумфот во Салерно, кај Салернитана (0:1), ќе останат лидер на табелата.

Дербиот на југот, донесе тврд натпревар без многу шанси. Салернитана успеа да му пружи силен отпор на лидерот.

На крајот пресуди, голот на Зјелински во 61.минута. Претходно Петања ја погоди гредата.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас на теренот влезе во 60.минута.

Двата тима натпреварот го завршија со играч помалку. Директни црвени картони добија Кастанос во 73. и Кулибали во 97.минута.

Наполи, во наредната рунда, ќе ја пречека Верона.

Scroll to Top