Top Sport

Хетафе со новогодишно изненадување за Реал Мадрид

Реал Мадрид неочекувано загуби со 1:0 на гостувањето во предградијата на шпанската престолнина кај Хетафе, со што продолжи неверојатниот препород на клубот под Кике Флорес Санчез, а „кралевите“ пропуштија шанса да се одвојат на 10 поени на врвот во Ла лига.

Голот „падна“ веќе во 9. минута од мечот на „Алфонсо Перез“, кога по лошата грешка на Милитао во одбраната, Енес Унал успеа да ја смести топката зад грбот на Тибо Куртоа.

По ова, следуваше очекувана доминација на гостите, но таа не резултираше со гол во мрежата на Хетафе, кои по катастрофалниот старт на сезоната и последното место, сега немаат пораз во шест меча и се 16. место со 18 поени, три над зоната за испаѓање.

Реал останува убедлив лидер во Шпанија со 46 поени, осум пред Севилја (но со два натпревари повеќе) и дури 13 зад второпласираниот Реал Бетис.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top