Претседтелот на Хетафе Анхел Торес изјавил дека сезоната во Лига Европа ќе продолжи во август. Во Лига Европа на програмата се осмина-финалните натпревари. Хетафе во оваа фаза за противник го има Интер.
„УЕФА не извести дека сигурно ќе се одиграат осмина-финалните натпревари “, истакнал Торес и дополнил.
„Кога сме ние во прашање, на 2 или 3 август ќе го одиграме дуелот во Милано, а реваншот на нашиот стадион ќе биде на 6 или 7 август. Доколку поради коронавирусот нема да може да се игра на некој од стадионите тогаш ќе играме на неутрален терен“.
Покрај Хетафе и Интер својот прв осмина-финален натпревар не го одиграа Рома и Севилја.
На останатите дуели, први од осмина-финалето се постигнаа следните резултати: Башакшехир-Копенхаген 1:0, Олимпијакос-Вулверхемптон 1:1, Ренџерс-Баер Леверкузен 1:3, Волфсбург-Шахтјор 1:2, Ајнтрахт-Базел 0:3 и ЛАСК-Манчестер Јунајтед 0:5.