Холандскиот тренер Гус Хидинк, кој во кариерата беше тренер на Реал Мадрид, Челси, ПСВ Ајндховен, Валенсија, Холандија, Австралија, Русија и Турција, објави дека се пензионира на 74 години по „ужасната“ година.
Хидинк од минатата година беше селектор на Курасао, малата карипска држава, и вели дека завршил со спортот.
„Зборував со претседателот на федерацијата на Курасао. Не бев активен поради КОВИД, не успеавме да влеземе на Светското првенство, а на тимот не му беше дозволено да игра на Голд купот. Донесовме заклучок дека ќе си заминам. Дали ќе престанам целосно со тренерската работа? Да, точно. Нема да работам повеќе“, вели Хидинк.
Хидинк славно беше заменик на Жозе Мурињо во Челси во декември 2015 година, кога постави рекорд за нов менаџер во лигата, со 12 меча без пораз.