Top Sport

Хил во Тотенхем за Ламела и 25 милиони евра

Брајан Хил, еден од најталентираните шпански фудбалери се наоѓа пред трансфер во Тотенхем. Хил е играч на Севилја, изминатите две сезони како позајмен фудбалер настапуваше во Хетафе и Еибар.

Левото крило, Брајн Хил, во Тотенхем ќе пристигне са сума од 25 милиони евра. Дел од трансферот ќе биде и Аргентинецот Ерик Ламела, кој ќе се пресели во Севилја.

Според стручњаците во Шпанија, во овој момент од младите фудбалери, пред Хил се замо Педи и Ансу Фати од Барселона.

Минатата сезона во дресот на Еибар одигра 28 натпревари, постигна четири гола и забележа три асистенции.

Scroll to Top