Top Sport

Хименез доби дозвола да игра фудбалски натпревари

Раул Хименез конечно доби дозвола од лекарите да му се врати на фудбалот. Мексиканецот, на почеткот на јули ќе ги започне подготовките со Вулверхмптон. До крајот на кариерата овој напаѓач ќе мора да игра со заштитна опрема за главата.

Раул Хименез, во ноември минатата година, на натпреварот со Арсенал, по еден дуел со Давид Луиз, доживеа тешка повреда на главата.

Процесот на рехабилитација траеше до пред неколку денови. Тој започнал со лесни тренинзи, а лекарите во вторникот му дозволиле повторно да игра фудбал.

„Од моментот кога му беше извршена операцијата, поради повредата на мозокот и фрактурата на черепот, Раул се наоѓа под медицински надзор. Фрактурата добро зарасна, но до крајот на кариерата ќе мора да носи заштитна кацига, за да го покрие тој дел. Кацигата ќе биде направена само за него и ќе биде доволно силна за да може без страв да ги игра натпреварите“, рекол докторот на Вулверхемптон, Мет Пери.

„Кога ќе започне да тренира со тимот, тој ќе биде под постојан лекарски надзор Повредите на мозкот понекогаш бараат рехабилитација и од неколку месеци. Ќе бидеме внимателни со него, голема е разликата од тренирање и играње натпревари. Се надеваме дека Раул ќе биде подготвен да ја одигра во целост наредната сезона“.

Scroll to Top