Top Sport

Хименез со голчиште, но Њукасл извлече реми кај „Волците“

Вулверхемптон не успеа да го совлада Њукасл јунајтед во попладневниот меч од Премиер лигата, и покрај фантастичниот гол на Раул Хименез, откако „чавките“ успеаја да израмнат во финишот на мечот.

Мексиканскиот напаѓач Хименез, кого го посакуваат повеќе европски гиганти, во 81. минута постигна фантастичен гол од далечина откако двата тима пропуштија повеќе шанси, но во 89. минута, Џејкоб Марфи постигна исто толку убав гол од слободен удар, мамејќи го голманот Руи Патрисио за поен на „Молињу“.

По шест кола, „Волците“ се на седмото место на табелата со 10 поени, додека Њукасл се 14-ти со 8 поени.

Scroll to Top