Top Sport

Хименез со прв гол по страшната повреда, „волците“ со победа кај Саутемптон

Вулверхемптон ја оствари само втората победа во новата сезона од Премиерлигата, откако славеа со 0:1 на гости кај Саутемптон на „Сент Мерис“ благодарение на првиот гол на Раул Хименез по неговата страшна повреда, скршеницата на черепот која за малку ќе му ја завршеше кариерата.

Иако Саутемптон имаа повеќе од играта, посебно во првото полувреме, во 61. минута, мексиканскиот напаѓач Хименез, успеа да направи „лом“ во одбраната на домаќините и да постигне прекрасен гол. Ова беше прв гол за Хименез по пауза од 336 дена, кога даде гол на Њукасл во октомври 2020 година, а следниот месец во дуелот со Арсенал, имаше страшен судир со главите со Давид Луиз, во кој му беше скршен черепот и следуваше операција и долга рехабилитација.

Додека за „волците“ ова беше втора победа оваа сезона, Саутемптон уште остануваат без триумф во првите шест гола – имаат 4 ремија и 2 порази.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Хименез: Чудо е што воопшто сум жив

Scroll to Top