Лионел Меси е човекот кој е задолжен за „магија“ во тимот на Барселона, меѓутоа овојпат улогата му ја препушти на познатиот хинотизер Џеф Тусент.
Имено, пред неколку дена, чуда се случувале во соблакувалната на Барселона. Тројца навивачи на Блауграна добиле можност да се запознаат со ѕвездите во тимот Иниеста, Тер Штеген, Кутињо, Ракитиќ и Паулињо.
Во соблакувалната бил и хипнотизерот Тусент, кој на хипноза ги изложил навивачите до таа мерка што тие не знаеле кој стои пред нив. Навивачите биле убедени дека разговараат и се сликаат со клупските ѕвезди, но реалноста била поинаква.
Без текст останале и играчите. На почетокот и тие не верувале дека тоа се случува, односно мислеле дека се работи за некоја добро подготвена шега.
Сепак на крајот сите се увериле дека хипнотизерот направил некои неверојатни работи.