Top Sport

Хитер од наредната сезона во Борусија Менхенгладбах

Актуелниот тренер на фудбалерите на Ајнтрахт од Франкфурт, од наредната сезона ќе го предводи тимот на Борусија од Менхенгладбах. Челниците на Менхенгладбах, откако ги одби Чаби Алонсо, најдоа замена за Марко Росе, кој од наредната сезона ќе работи во Дортмунд.

Ади Хитер (51), тренер на Ајнтрахт стана во 2018 година, во првата сезона со клубот стигна до полу-финалето во Лига Европа. Хитер е на добра пат, оваа сезона, со Ајнтрахт да избори историски пласман во Лигата на шампионите.

Менхенгладбах и Хитер договориле тригодишна соработка, до јуни 20214 година. За да го ангажираат тренерот, челниците на клубот ја активирале откупната калузула од 7,5 милиони евра.

Scroll to Top