Top Sport

Дек се пресели во Оклахома сити Тандер

Аргентинскиот кошаркар, Габриел Дек, потпиша четиригодишен договор со Оклахома сити тандер. Соработката е „текша“ 14,5 милиони долари. Дек, оваа сезона ќе игра само еден месец за Оклахома, бидејќи тимот е далеку од плејофот и ќе заработи 3,87 милиони долари.

Габриел Дек во Оклахома пристигна од реал Мадрид, чии дрес го носеше од 2018 година. Последниот натпревар за Реал тој го одигра минатата недела, против Фенербахче во истанбул, кога со 20 поени, му овозможи на „кралскиот тим“ да избори пласман во плејофот, во Евролигата.

Како играч на реал, тој со Реал освои по еден трофеј во првенството и Купот на Шпанија.

Scroll to Top