Top Sport

Хитон: Ѕвездите му се плашат на Ерик Тен Хаг

Резервниот голман на Манчестер јунајтед, Тим Хитон вели дека менаџерот Ерик Тен Хаг веќе воспоставил голема дисциплина меѓу фудбалерите, така што ниту една од ѕвездите не се чувствува опуштено.

Јунајтед забележа осма победа во низа вчера со 3:0 триумфот над третолигашот Чарлтон во Карабао купот пред саботното дерби кога го пречекуваат Манчестер сити на „Олд Трафорд“. Хитон доби шанса да биде прв голман на тимот и вели дека подобрената форма е поради високите побарувања од менаџерот.

„Тој донесе јасна порака, јасна граница на тоа што е прифатливо, а што не е. Одговорноста е кај сите, да се однесуваат професинонално и кога ќе ја поминат таа линија, тој ќе ве врати на свое место. Исто така поради тоа што сме малку поуспешни во последно време, никој не се занесува и работите се движат полека во вистинска насока. Да бидеме искрени, секој има свое мислење за тоа дали се работи за вистински метод. Но, кога има последици за ѕведите, дисциплинаа, знаете дека ако направите нешто што не треба, нема да бидете во тимот“, вели Хитон.

Тен Хаг прво „тераше“ дисциплина со Кристијано Роналдо, што делумно предизвика раскин на договорот на Португалецот, но и со Маркус Рашфорд, кој беше оставен на клупа против Вулверхемптон бидејќи се успал за тимскиот состанок. Рашфорд и покрај тоа има серија од 8 домашни меча со гол, како прв фудбалер на Јунајтед по Вејн Руни.

Scroll to Top