Top Sport

Во Англија клубовите ќе бидат казнети ако нивните навивчи извикуваат „rent boy“

Англиската Фудбалска асоцијација (ФА) објави дека извиците од публиката на фразата „rent boy“ (момче за изнајмување) отсега ќе се смета за прекршување на правилата посочувајќи дека клубовите ќе одговараат за фразата која е хомофобична и дискриминаторска, посебно кон фудбалерите на Челси.

„Откако обвинителството веќе поднесе тужба за хомофобични изјави за фразата ‘rent boy’, ФА ги информира сите клубови дека такви извици ќе бидат сметани за прекршување на правилата. Ова се однесува за домашните и за гостинските навивачи и за сите клубови во англискиот фудбал“, се вели во одлуката на ФА.

Ова доаѓа откако менаџерот на Евертон, а поранешна легенда на Челси, Френк Лампард бил мета на вакви извици на „Олд Трафорд“ од навивачите на Манчестер јунајтед.

Scroll to Top