Легендарниот шпански фудбалер, Хоакин Санчез, потврдил дека ја игра последната сезона во кариерата. Капитенот на Бетис има 40 години, тој минатата недела, ја одбил понудата да потпише нов договор.
„Време е за пензија“, рекол Хоакин.
Хоакин Санчез, две децении е професионален фудбалер, во кариерата никогаш е бил шампион на Шпанија. Два пати го освоил Купот на Кралот, со Бетис во сезоната 2004/05 и со Валенсија во сезоната 2007/08.
Кариерата ја започнал во младинските категории на Бетис, играл и за Валенсија, Малага и Фиорентина. Досега за Бетис одиграл 473 напревари, а во кариерата вкупно 859.