Top Sport

Хоџсон не се плаши од коронавирусот

Менаџерот на Кристал Палас Рој Хоџсон не се плаши од коронавирусот, иако спаѓа во најчувствителната старосна група. 72 годишниот Хоџсон со нетрпение чека да започне со тренинзите на својот тим.

„Годините се бројки, важно е како се чувствувате. Годините не мора да бидат задолжително поврзани со тоа како се чувствувате или со способноста да си си ја вршите работата. Значи кога ќе ме повикаат со задоволство ќе се вратам на работа“, рекол Хоџсон.

Инаку Премиерлигата се уште соопштува кога играчите ќе можат повторно да тренираат. Според некои најави тоа може да се случи наредната недела.

Scroll to Top