Top Sport

Тешеира го претепа Смит (Видео)

Гловер Тешеира го победи Ентони Смит со технички нокаут во петтата рунда, во главната борба на УФЦ настанот во Џексонвил.

Тешеира (40) доминираше во мечот против Ентони, тој го претепа својот противник, а по една серија на тешки удари во петтата рунда судијата реши да го прекине мечот.

За Тешеира ова беше 31 победа во кариерата, има и седум порази, додека Смит во кариерата има 33 победи и 15 порази.

Scroll to Top