Top Sport

Хофенхајм ги утепа „фармацевтите“ (видео)

Борбата за излез во Европа од Бундеслигата ќе биде интересна откако во директна пресметка Хофенхајм со 4:1 го победи Баер Леверкузен во првиот меч од 27. коло во германската елита.

Домаќините дојдоа во водство преку Ишак Белфодил уште во 10. минута, но само седум минути подоцна, Кевин Фоланд израмни за Баер. Во второто полувреме се случи вистински „колапс“ на „фармацевтите“, откако прво во 51. минута си постигнаа автогол, десет минути подоцна Белфодил уште еднаш стрелаше, за Андреј Крамариќ да ги „доврши“ во 79. минута.

Со победата, Хофенхајм се на осмото место на табелата со 41 поен, само еден помалку од седмопласираниот Баер, а пред него со идентични 42 поени е и Волфсбург.

Scroll to Top