Top Sport

Хофенхајм го отпушти тренерот

Фудбалскиот клуб Хофенхајм денеска го отпушти Андре Брајтенрајтер од тренерската функција. Хофенхајм нема победа на последните девет натпревари во Бундеслигата.

Брајтенрајтер ја презеде функцијата во мај минатата година, а последната победа со Хофенхајм ја забележа во октомври минатата година.

Хофенхајм во саботата беше поразен на гостувањето кај Бохум со 5:2. Тимот сега се наоѓа на 14. место на табелата во Бундеслигата, три бода над зоната за испаѓање.

Германскиот тренер минатата сезона го предводеше Цирих до титулата во швајцарскиот шампионат, а беше тренер и на Падерборн, Хановер и Шалке.

Следниот меч од Бундеслигата на Хофенхајм го игра на домашен терен против Баер Леверкузен.

Scroll to Top