Top Sport

Хофенхајм и Ут „лудуваа“ во Лајпциг, Хамбургер ги крена надежите

Хофенхајм успеа да го „претекне“ Лајпциг по 5:2 победата на гости на „Ред бул арената“, Хамбургер ги задржа малите шанси за опстанок по 1:0 победата над Фрајбург, додека Баерн се загреа за ЛШ со 3:0 триумф кај Хановер во 31. коло на Бундеслигата.

Откако загубија од Хофенхајм со 4:0 во есенскиот дел од сезоната,  во Лајпциг очекуваа одмазда, но така не мислеше Марк Ут, кој имаше две асистенции и постигна два гола, од кои првиот уште во 14. минута. Серж Гнабри зголеми на 0:2 во 35. минута, пред својот прв гол во Бундеслигата да го постигне Павел Кадарабек пред крајот на полувремето за 0:3.

Лајпциг намали на 1:3 по автоголот на Бауман во 58. минута, ное црвениот картон на Емил Форсберг ги искомпликува работите. Ут повторно блесна една минута подоцна за 1:4, за Лукас Руп да зголеми на 1:5. Победничката низа на Хофенхајм од осум меча продолжи и покрај голот на Дајот Упамекано во 88. минута и сега тие се на петтото место на табелата.

Хамбургер на својот „Фолскпаркстадион“ успеа да стигне до супер-важна 1:0 победа над ривалите за испаѓање Фрајбург, благодарение на третиот гол во четири меча на Луис Холтби.  Со победата Хамбургер, единствениот тим кој никогаш не испаднал од Бундеслигата, остана на претпоследното место на табелата со пет поени помалку од Фрајбург, Мајнц и Волфсбург, за да ја направат борбата за опстанок супер-интересна.

Баерн Минхен пак, подготовките за мега-дуелот од ЛШ против Реал Мадрид ги комплетираше со рутинска 0:3 победа на гостувањето кај Хановер. Томас Милер, Роберт Левандовски и Себастијан Руди постигнаа голови во второто полувреме за нова 25 победа во 31 коло за шампионите.

БУНДЕСЛИГА, 31.КОЛО

Ајнтрахт Франкфурт – Херта 0:3

Хамбургер – Фрајбург 1:0

Хановер – Баерн Минхен 0:3

РБ Лајпциг – Хофенхајм 2:5

Штутгарт – Вердер 2:0

Scroll to Top