Top Sport

Шик и Рома без мака со СПАЛ (видео)

Патрик Шик, конечно, го постигна својот прв гол во Серија А во дресот на Рома, за „волчицата“ да се зацврсти на третото место на табелата со 3:0 победа над во Ферара, по што СПАЛ го забележа првиот пораз по осум меча.

Франческо Викари си постигна автогол во обид да го спречи Кевин Стротман во првото полувреме, пред Раџа Наинголан со полу-волеј да го најде аголот на голот на домаќините. Шик имаше неколку шанси пред со глава да го постигне голот по додавањето над Лоренцо Пелегрини.

СПАЛ имаше низа од две победи и шест ремија пред овој меч, додека Рома е во одлична форма пред првиот меч од полуфиналето на ЛШ против Ливерпул веќе во вторник.

Фото: ЕПА

Scroll to Top