Top Sport

Хофенхајм се раздели со тренерот Хенес

Германскиот бундеслигаш Хофенхајм соопшти дека Себастијан Хенес заминува од тренерската позиција. Синот на познатиот германски фудбалер Дитер и внукот на почесниот претседател на Баерн, Ули Хенес, дојде во клубот во јули 2020 година, по успешниот ангажман во „Б“ тимот на Баер Минхен.

Имаше добри резултати на почетокот, но оваа сезона тимот не победи девет кола во Бундеслигата. Последната капка беше поразот (1:5) од Борусија Менхенгладбах во последното коло.

Спортскиот директор на Хофенхајм Александер Росен изјави дека не ја донеле лесно оваа одлука.

„Секогаш сме го поддржувале Себастијан Хенес и како тренер и како личност. Тоа е уште една причина зошто ова не беше лесна одлука за нас. Сепак, по анализата што беше направена пред последниот натпревар, мора да признаеме дека резултатите и случувањата во изминатите два месеци преовладаа и ги засенија сите добри резултати и работи, како и тоа што дојдовме на четвртото место. Најважното прашање што требаше да си го поставиме беше како да се справиме со овие лоши настани, што и го направивме. По долга анализа беше донесена одлука во новата сезона да влеземе со сосема поинаква клима“, изјави Розен.

Себастијан Хенес исто така ја потврди разделбата.

„По детален разговор со Ризен и раководството на клубот, вчера заеднички се договоривме да ја прекинеме соработката. Во изминатите недели заедно детално ги анализиравме нашите резултати и можам да кажам дека од моја гледна точка ова е договорено збогување“, рече Хенес.

Scroll to Top