Следејќи ги препораките на УЕФА Холанѓаните ги одредија клубовите кои наредната сезона ќе играат во европските купови. Првенството во Холандија нема да продолжи откако владата ги забрани спортските активности до 1 септември.
УЕФА вчера препорача во случај сезоната да не продолжи да се гледа актуелните пласман на табелата.
Ова значи дека Ајакс и АЗ Алкмар ќе одат во Лигата на шампионите, додека пласман во Лига Европа изборија Феенорд, ПСВ Ајндховен и Вилем II. Ајакс директно се пласира во фазaта по групи додека АЗ Алкмар ќе игра квалификации.
Се уште не е познато дали ќе биде доделена шампионската титула во Холандија. Ајакс и АЗ Алкмар имаат ист број на бодови, Ајакс има подобра гол-разлика, меѓутоа АЗ два пати го победи тимот од Амстердам оваа сезона.