Top Sport

Холандија и Шпанија во полуфиналето на ЕП до 21 година

Шпанија и Холандија се први полуфиналисти на Европското првенство до 21 година, откако двете репрезентации во драматични натпревари победија силни противници.

Шпанија со 2:1 по продолженијата ја совлада Хрватска во режија на напаѓачот на Еспањол, Хави Пуадо. Тој прво во 66. минута ги донесе Шпанците во водство, пред Хрватска со гол од пенал на Лука Иванушец во 94. минута да избори продолженија. Пуадо во 110. минута обезбеди полуфинале за „фуријата“.

Во првото четврт-финале, Холандија со 2:1 ја совлада Франција со гол во 93. минута од мечот. Ѕвездата на РБ Лајпциг, Дајот Упамекано ги донесе „триколорите“ во водство во 23. минута, пред Мајрон Боаду прво да израмни во 51. минута, а потоа и да го реши патникот во полуфинале во 93. минута.

Во вечерашните мечеви, играат Данска-Германија и Португалија-Италија.

Scroll to Top