Top Sport

Холандска дисциплина – Тен Хаг нареди „кратење“ на летниот одмор

Новиот менаџер на Манчестер јунајтед им наредил на фудбалерите на клубот да се вратат на тренинзи во текот на летото на 20 јуни, наместо на 4 јули, бидејќи верува дека им е потребно подобрување на физичката подготвеност за да го играат неговиот стил на фудбал, тврдат британските медиуми.

Холанѓанецот, кој останува во Ајакс до крајот на сезоната, откако ги погледнал последните неколку мечеви на „ѓаволите“, утврдил дека е потребна работа на фитнесот за да може да се игра неговиот стил на игра со пресинг, тврди „Мирор“.

Тие додаваат дека 52-годишниот Тен Хаг оваа недела ќе почне со состаноците преку „Зум“ со фудбалерите на Јунајтед, ако утре успееда ја потврди третата последователна холандска титула на Ајакс.

Првиот меч на Тен Хаг на клупата на Јунајтед ќе биде дел од летната турнеја – меч против лутите ривали Ливерпул на „Раџамангала“ стадионот во Бангкок, Тајланд.

Scroll to Top