Top Sport

Бетис ја прекина лошата серија и остана во игра за место во ЛШ

Реал Бетис стигна до 0:3 победа на гостувањето на „Месталја“ кај Валенсија за да ги заддржи малите шанси за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Тимот на Мануел Пелегрини немаше победа во претходните четири кола, но на „Месталја“ се покажа како подобар противник. Вилијан Жозе во 57. минута им донесе водство од 0:1, пред во финишот на мечот да ја потврдат победата со головите на Серхио Каналес во 87. минута и на Борха Иглесијас во 90. минута.

Бетис остануваат на петтото место во Ла лига со 61 поен, три зад Атлетико Мадрид, иако „рохибланкос“ имаат меч помалку, додека Валенсија е само 10. со 44 поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top