Top Sport

Холандска инвазија – Манчестер јунајтед пред договор со Гакпо и Депај

Додека трае Светското првенство во Катар, првите луѓе на Манчестер јунајтед работат на јануарскиот преоден рок во кој треба да најдат замена за Кристијано Роналдо, и Ерик Тен Хаг ќе биде задоволен што во тимот најверојатно ќе пристигнат уште двајца Холанѓани.

Според „Фудбал инсајдер“, „ѓаволите“ веќе имаат пред-договор со напаѓачот на ПСВ Ајндховен, Коди Гакпо, кој блеска за Холандија на Мундијалот со два гола во два меча. Личните услови на договорот веќе биле усогласени во текот на летото со агентите на 23-годишниот Гакпо, така што сега „ѓаволите“ ќе треба само да се договорат со холандскиот тим, кој бара 60 милиони евра за неговиот потпис.

„Скај спортс“ пак, преку својот новинар Флоријан Платенберг, тврди дека уште еден холандски репрезентативец ќе најде дом на „Олд Трафорд“, бидејќи се блиску до договор за враќање на Мемфис Депај од Барселона. Депај помина една потпросечна сезона на „Олд Трафорд“, а во моментов е играч на Барселона, каде што оваа сезона нема голема минутажа во тимот на Чави Ернандез.

Scroll to Top