Top Sport

Косово прв фаворит да го добие на подарок уникатниот „Стадион 974“ од Катар

Косовската фудбалска федерација е фаворит да го добие на подарок „Стадионот 974“ на кое се игра Светското првенство во Катар, и на кој на 2 декември ќе играат Србија и Швајцарија.

„Стадионот 974“ е комплетиран на 20 ноември 2021 година, а првиот меч се одигра само десет дена подоцна. Името стадионот го доби по бројот на контејнери од кој е изграден и е првиот монтажен стадион во историјата на Мундијалите. На него ќе се игра и еден четврт-финален меч, а потоа ФИФА ќе го донира на една од своите членки, со Косово како прв фаворит. Капацитетот н стадионот е 44.000 седишта.

Scroll to Top