Top Sport

Холандски фудбалери исфрлени од У-19 репрезентацијата, се забавувале во хотелските соби со девојки

Селекторот на У-19 репрезентацијата на Холандија, Берт Контерман, исфрли од тренинг-кампот петмина играчи. Играчите покрај дисциплината го прекршиле и ковид-протоколот.

Контерман, во јавноста не открил зошто ги казнил младите репрезентативци, но медиумите шпекулираат дека тие правеле забава со неколку девојки во хотелската соба на еден од нив.

Селекторот во клубовите ги вратил Арџани Мартина, Начи Унувар и Рио Хилен од Ајакс, Чави Симонс од ПСЖ и Мимериел Бенито од Феенорд.

Навдно идејата, која ја прифатиле останатите, била на Мартина и Бенито.

Кога селекторот открил што направиле веднаш ги отстранил од националниот тим.

Scroll to Top