Top Sport

Одложено дербито Севилја – Барселона!

Во Шпанија еодлучено да биде одложен викенд натпреварот, дербито во Андалузија, Севилја – Барселона. Освен овој дуел викендов нема да се игра ниту мечот Вилјареал – Алавес.

Причина за ваквиот развој на настаните е што клубовите имаат неколку јужноамерикански фудбалери кои играат квалификации за Мундијалот во 2022 гоидна, а во клубовите во Ла Лига се вратија предоцна за да се подготват за натпреварите.

Поради тоа им дадоа дополнително време за одмор пред европските натпревари следната седмица.

Севилја е најпогодена од ситуацијата, затоа што Аргентинците Гонзало Монтиел, Папу Гомес и Маркус Акуња завршуваат со квалификациските натпревари само ден ипол пред закажаниот дуел на Андалузијците со Барселона.

Scroll to Top