Холандското големо дерби, популарниот „Де класикер“ помеѓу Ајакс и Феенорд и овојпат не разочара, ниту од страна на навивачите, ниту од страна на фудбалерите на теренот, и на крајот Ајакс се врати со луд пресврт за 3:2 победа и зацврстување на првото место на табелата и пропуштање на шанса првпат по 17 години да слават во Амстердам.
Мечот започна со веќе традиционалната пиротехника на навивачите на „копјаниците“, која овојпат предизвика пожар на делот од трибините, зафаќајќи ги транспарентите на навивачите, но тој за среќа бргу беше изгаснат.
На теренот, Луис Синистера уште во осмата минута им донесе водство на Феенорд, пред Ајакс да се врати преку Себастиен Але во 24. минута. Само четири минути подоцна, Гус Тил пак ги донесе гостите од Ротердам во водство. Овој резултат беше актуелен до 78. минута кога капитенот Душан Тадиќ израмни, за Антони во 86. минута да ја запечати победата на Ајакс.
Ајакс се лидери во Ередивизие со 66 поени, пет пред ПСВ Ајндховен, додека Феенорд се трети со 55 поени.