„Советот“ на играчи на холандската репрезентација го номинираше Хенк Тен Кате како нов селектор, откако Роналд Куман реши да „пребега“ во Барселона.
Во советот на играчи на холандската репрезентација се Виргил ван Дајк, Кевин Стротман, Рајан Бабел, Матијс де Лихт и Дејли Блинд и тие сега го предложиле Тен Кате на Кралската холандска фудбалска федерација (КНВБ).
Федерацијата сега ќе донесе конечна одлука, бидејќи претходно во игра за испразнетото место беа и Луис ван Гал и Френк де Бур. Тен Кате е без работа откако си замина од Ал-Итихад во февруари, а на стартот на Лигата на нации, Холандија ја водеше преодниот тренер Двајт Лодевегес.
65-годишниот Тен Кате беше тренер на Ајакс во 2006/07, а во кариерата работел и со Витесе, НАЦ Бреда, Панатинаикос, а беше и помошник во Барселона од 2003 до 2006 на Френк Рајкард, кога беше одговорен за тактиката на тимот.
Als het aan de spelersraad van het Nederlands elftal ligt, wordt Henk ten Cate de nieuwe bondscoach. https://t.co/GTAPzD9brW
— VI_nl (@VI_nl) September 6, 2020