Top Sport

Санчо: Неверојатно е што ме ценат на 120 милиони евра

Џејдон Санчо вели дека му е неверојатно што Борусија Дортмунд го ценат на фантастични 120 милиони евра, и инсистира дека е важно да остане трпелив во својата кариера.

20-годишниот Санчо беше идентификуван како главна цел на Манчестер јунајтед ова лето, но минатиот месец Дортмунд објави дека тие го пропуштиле крајниот рок да дадат 120 милиони евра за него и дека ќе остане во Бундеслигата.

Санчо, кој пристигна во Дортмунд за само 9 милиони евра во 2017 година од Манчестер сити, вели дека сумата е неверојатна.

„Секако, убаво е чувството да вредиш толку, но за мене не е важно. Најважно е да играм добро за мене и за тимот. Мораш да бидеш трпелив со тоа што го правиш. Секако, ризикував кога дојдов во Германија и многумина сметаа дека сум луд што заминувам од Сити, но времето беше вистинско. Работите се случуваат поради причина. Ако тоа значи дека ова ми е сезоната во која се покажав, тогаш тоа е океј, бидејќи уште сум млад“, вели Санчо.

Scroll to Top