Top Sport

Холанѓанец ќе ги предводи Грците

Холанѓанецот Џон ван Шип е нов селектор на фудбалската репрезентација на Грција. Ван Шип доаѓа на местото на Ангелос Анастасиадис, откако играчите побараа негова смена.

Ван Шип има 55 години е член на славната генерација на Марко Бан Бастен, Руд Гулит, Роналд Куман и Франк Рајкард која беше шампион на Европа.

Овој тренер во периодот од 2014 до 2008 година му бил асистент на Марко Ван Бастен на клупата а холандската репрезентација.

Грците го сменија селекторот поради незадоволството на играчите и поради лошите резултати. Во конкуренција на Италија, Финска, Босна и Херцеговина и Ерменија, тие се наоѓаат на четвртото место во квалификациската група со само четри освоени бода.

Scroll to Top