Пеп Гвардиола ќе добие понуда да стане селектор на Холандија кога ќе реши да си замине од Манчестер сити, за да може да ја продолжи традицијата на неговиот ментор, големиот Јохан Кројф, тврди „Сандеј мирор“.
51-годишниот Гвардиола има договор со клубот од „Етихад“ до 2023 година и неодамна изјави дека нема шанси да го „предаде“ Сити со потпис за некој друг премиерлигаш, а честопати најавуваше дека селекторската работа го привлекува. Со него, Сити освоија три премиерлигашки титули, четири Лига купа и еден ФА куп, а лани играа и во финалето на Лигата на шампионите.
Шансата да стане селектор на земјата на неговиот ментор Јохан Кројф може да биде неоддолива за Каталонецот, откако токму „тоталниот фудбал“ на Холандија од 1970-тите е главна инспирација на неговата работа. Кројф го внесе Гвардиола од младинскиот тим на Барселона за да стане дел од славниот тим кој ја освои првата титула од ЛШ во 192 година.
„Не знаев ништо за фудбалот пред да го запознаам Кројф“, изјави одамна Гвардиола.
Во моментов, холандски селектор е Луис ван Гал, кој се врати од пензија за да ги предводи Холанѓаните до место на Светското првенство во Катар оваа година.
Јохан Кројф и финалето од 1992 – моментот кој го смени модерниот фудбал (видео)