Top Sport

Холанѓаните ја зголемија мизеријата на германската репрезентација (видео)

Холандија стигна до 3:0 победа над Германија во дербито на вечерта во Лигата на нации на УЕФА за да ја зголеми кризата во „маншафт“ по фијаското на Мундијалот во Русија.

Дефанзивецот на Ливерпул, Дирк ван Дајк беше најснаодлив пред германскиот гол по корнер во 30. минута од мечот на „Јохан Кројф арената“ во Амстердам, пред Мемфис Депај и Вајналдум во финишот на лутото дерби да стават „сол на рана“.

За Холандија ова е прва конкурентна победа под новиот селектор Роналд Куман по поразот од Франција, додека Германците ја чекаат првата победа по испаѓањето во натпреварите по групи на СП во Русија.

Ирска и Данска одиграа досадно реми 0:0 кое им одговараше на „викинзите“, додека Бугарија се врати по лошото прво полувреме и негативата за 2:1 победа над Кипар за да ја преземе контролата на групата 3 во Лига Ц со три победи во три натпревари.

ЛИГА А, ГРУПА 1

Холандија – Германија 3:0

Табела: 1.Франција 4, 2.Холандија 3, 3.Германија 1

ЛИГА Б, ГРУПА 4

Ирска – Данска 0:0

Табела: 1.Данска 4, 2.Велс 3, 3.Ирска 1

ЛИГА Ц, ГРУПА 3

Бугарија – Кипар 2:1

Табела: 1.Бугарија 9, 2.Норвешка 6, 3.Кипар 3, 4.Словенија 0

Scroll to Top