Поранешниот фудбалер на Милан, Кеисуке Хонда во интересно интервју за „Ла газета дело спорт“ во кое зборуваше за своите поранешни соиграчи, а од нив најмногу беше разочаран од Марио Балотели и неговиот потрошен талент.
Балотели има 15-годишна бурна кариера со Интер, Манчестер сити, Ливерпул и Милан, пред оваа сезона да игра во италијанскиот второлигаш Монца. Хонда смета дека тој се однесувал самодеструктивно и така го потрошил огромниот талент.
„Огромен талент кој не направи ништо да стане подобар. Сакав да му ја сменам дневната рутина: ‘Марио, верувај ми, ако сакаш да станеш најдобар мораш напорно да тренираш’. Ме слушаше и следниот ден се појави 40 минути порано на тренинг. Исто така и следниот ден. Но, по третиот ден, веќе му беше здодевно. Тоа е Марио“, вели Хонда.