Top Sport

Хорхе Валдано: Пол Погба нема да придонесе многу во играта на Реал Мадрид

Легендарниот фудбалер на Реал Мадрид, Хорхе Валдано ги прокоментира евентуалните летни трансфер-засилувања во Кралскиот клуб.

„За Реал Мадрид играа многу фудбалери кои немаат натпреварувачки ритам. Реал Мадрид беше збир на индивидуалци. Секој сакаше сам да ја добие битката, но без Бензема доживеаја неуспех, штом ќе поминеа три четвртини од теренот“ – вели екс-аргентинскиот фудбалер.

Валдано дад свој коментар и за евентуалното засилување на Кралевите во летниот период – играчот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба.

„Погба нема да придонесе многу за играта на Реал Мадрид, но ќе придонесе со голови“ – дециден е Валдано.

Scroll to Top