Top Sport

Зидан: Ова е недопустливо, дај нека заврши сезоната!

Реал Мадрид игра очајна сезона, а доказ за тоа е и синоќешниот пораз од „фенерџијата“ во Ла лига, Рајо Валјекано (1-0). Според многумина, Реал е најголемиот клуб во светот, но тимот од „Сантијаго Бернабеу“ игра сезона за заборав.

Тренерот на кралевите, Зинедин Зидан по синоќешниот пораз рече дека сака да го промени карактерот на фудбалерите.

„Повеќе ме интересира освојувањето на шпанското првенство, отколку Лигата на шампионите. Се до крајот на мечот ништо не правевме на теренот. Не е проблемот што не дадовме гол, не бевме добри ниту во еден сегмент. Некогаш нема да дадете гол, ама ќе создадете прилики. Не жалам што повторно го презедов Реал, тоа никако. Но одговорноста за ваквите претстави е на мене и на играчите, тоа мораме да сме свесни. Дај нека заврши сезоната што побргу“ – рече Зидан.

Герет Бејл воопшто не ни седнал во клупскиот автобус, туку се упатил на одмор во Велс, јавуваат тамошните медиуми.

Цели 574 минути ниту еден играч на Кралскиот клуб нема постигнато гол, несметајќи ги погодоците на Французинот, Бензема.

Scroll to Top