Top Sport

Хорор-меч за Давид Луиз, Сити рутински преку Арсенал (видео)

Манчестер сити стигна до лесна 3:0 победа над Арсенал во вториот меч по враќањето на Премиер лигата во заостанатиот меч од 28. коло, најмногу благодарение на Бразилецот Давид Луиз.

Арсенал имаа ужасен старт, откако Микел Артета ги загуби Џака и Мари со повреди во првите 24 минути од мечот, по што Сити го постигнаа првиот гол по рестартот на ПЛ преку Рахим Стерлинг во 43. минута благодарение на катастрофалната реакција на Давид Луиз.

Во 51. минута, Давид Луиз повторно беше во главна улога, откако направи пенал со фаулот над Ријад Марез и доби црвен картон, а Кевин де Брујне беше сигурен од белата точка. Фил Фоден во 91. минута ги постави конечните 3:0.

Поразот ги остава „топчиите“ на деветтото место на табелата со 40 поени, осум зад четвртопласираниот Челси, додека Сити се втори со 60 поени, дури 22 зад Ливерпул, кој чека промоција како англиски шампион.

Scroll to Top