Top Sport

Хорор повреда на Невен Суботиќ (Видео)

Српскиот интернационалец, Невен Суботиќ, на натпреварот Сент Етиен-Бордо, доживеа тешка повреда на главата.

Поранешниот фудбалер на Борусија Дортмунд, во 28.минута, доби силен удар удар во главата од својот голман Руфие. Голманот на Сент Етиен откако ја промашил топката со колено го удрил Суботиќ во главата.

Србинот облеан во крв останал да лежи на тревата, а откако му била укажана лекарска помош, тој веднаш бил префрлен во болница.

Од неговиот поранешен клуб, Борусија, се огласија на „Твитер“.

„Секогаш те знаеме како борец, ти посакуваме бргу да закрепнеш“.

Scroll to Top