Top Sport

Ливерпул го има најдобриот старт во историјата на клубот

Фудбалерите на Ливерпул, победија на гостувањето кај Барнли (3:1) со што испишаа нова страница во клупската историја. Никогаш досега не се случило, Ливерпул во првите 15 натпревари да има 12 победи и три нерешени резултати.

„Црвените“ на Јирген Клоп имаат освоено 39 бода, кои не им се доволни за лидерската позиција на табелата. Ливерпул има два бода помалку од бранителот на титулата Манчестер сити.

Играчите на Ливерпул ќе имаат можност да ја подобрат низата овој викенд кога ќе гостуваат во Борнмут.

Scroll to Top