Top Sport

Хорор повреда за Дени Велбек! (видео)

Дени Велбек доживеа хорор повреда на скочниот зглоб на мечот од Лига Европа на Арсенал против Спортинг Лисабон, по што на носилки и со боца кислород мораше да биде изнесен од теренот.

Велбек, кој го постигна победничкиот гол во првиот меч во Португалија, беше заменет од Пјер-Емерик Обамејанг во 29. минута од мечот, откако во дуел со бекот на Спортинг, Бруно Гашпар нивните нозе се заплеткаа и Велбек падна незгодно на скочниот зглоб. Тој веднаш беше опкружен со своите соиграчи, а Матео Гендузи беше очигледно шокиран од повредата.

Scroll to Top