Top Sport

Хорор во Бразил – ограбен автобус на фудбалерки, една била силувана!

Грди фудбалски сцени доаѓаат од Бразил, кога се работи за женскиот фудбал.

Фудбалерките на Абелхас се враќале од првенствен меч против Флуминенсе кога нивниот автобус бил застанат и ограбен.

Покрај грабежот една од фудбалерките била сексуално злоставувана, а претседателката на клубот Китериа Алвес рекла дека се изгледало како во хорор филм.

„Хорор, што друго да кажам, се плашев дека ќе завршиме во море од крв. Можеше да биде многу полошо, но ова ќе остави трага врз овие девојки. Не можат да спијат, сето ова ќе остави последици. Се надеваме дека полицијата ќе ги казни злосторниците“ рекла Алвес.

Тренерот на екипата, Бегау Силва пријавила во полиција дека една фудбалерка била сексуално злоставувана.

Scroll to Top