Top Sport

Хорор во домот на голманот на Евертон, арамии со мачета се заканувале на малите деца

Чуварот на мрежата на премиерлигашот Евертон, шведскиот интернационален Робин Олсен бил со својата сопруга и двете мали деца кога вооружени крадци упаднале во нивната куќа во луксузниот дел на Ливерпул. Арамиите на децата кои имаат 2 односно 5 години им се заканувале со мачети.

Наводно, за да го спаси семејството Робин на разбојниците им дал накит и еден скапоцен часовник, по што тие заминале без никој да биде повреден.

Полицијата го истражува случајот, а според наводите на британските медиуми, Евертон понудил помош за својот голман и неговото семејство.

Олсен во Евертон пристигна на почетокот на сезоната, на позајмица е од редовите на Рома. Досега бранеше само на 5 меча во Премиерлигата.

Слична случка неодамна имаше и во домот на неговиот менаџер, Карло Анчелоти. Неговата ќерка „им покажала заби“ на разбојниците, па тие заминале без планираниот плен.

Информациите се дека по немилиот настан, семејството Олсен се отселило од домот во Ливерпул.

Scroll to Top