Вестите во шпанските медиуми дека хотелскиот ланец на Кристијано Роналдо ќе биде трансформиран во болници за инфицираните со корона вирусот се покажаа како лажни, откако од Лисабон стигна демант на веста во шпанскиот весник „Марка“.
„Марка“ тврдеше дека асот на Јувентус е подготвен да ги трансформира своите хотели во привремени болници за да се помогне во пандемијата и покрај тоа дека тој ќе ги плаќа лекарите и придружниот персонал. Во Португалија има околу 300 заболени, но од хотелот на Роналдо ги демантираат овие вести.
„Ние сме хотел и нема да бидеме болница. Се работи за вообичаен ден како и секој и ќе останеме хотел. Постојано ни се јавуваат од медиумите, ви посакуваме убав ден“, изјави портпаролот на хотелот за холандскиот „РТЛ“.
Роналдо не коментираше за ситуацијата, откако во моментов е во самоизолација на неговиот роден остров Мадеира откако неговиот соиграч Даниеле Ругани беше позитивен на вирусот.
Прекрасен гест – Роналдо своите хотели ќе ги претвори во болници