Top Sport

Хоуп Соло: Лекарите ни даваа анти-депресанти како бонбони

Поранешната голманка на американската фудбалска репрезентација, Хоуп Соло вели дека тимските лекари постојано им давале анти-депресанти („Ксанакс“) додека играше за репрезентацијата со која освои една светска титула и две олимписки злата.

Соло зборуваше за дебатата околу менталното здравје на спортистите по случаите со јапонската тенисерка Наоми Осака (која одби да дава интервјуа за време на Ролан Гарос) и американската гимнастичарка Симон Бајлс (која се откажа од повеќе дисциплини во Токио).

„Луѓето се свесни за маките и притисокот низ кој поминуваат спортистите на највисоко ниво. Мислам дека направивме голем прогрес околу тоа, бидејќи лекарите претходно ни делеа ‘Ксанакс’ како да се бонбони. Тоа беше рутина кога бевме во странство, на пример на Светското првенство во Кина во 2007. Ќе ти тропнат на врата, ќе ти дадат нешто за спиење поради нервите и стресот. Тоа многумина уште не го сфаќаат. Понекогаш е тешко да се смееш пред камери, а тоа се очекува од спортистите“, вели Соло.

Scroll to Top