Top Sport

Хоув позитивен, ќе го пропушти првиот меч на чело на Њукасл

Првиот меч на Еди Хоув како менаџер на супер-богатите Њукасл јунајтед ќе почека, откако 43-годишниот англиски тренер доби позитивен тест на КОВИД-19, само 24 часа пред домашниот меч со Брентфорд.

На негово место ќе бидат замениците Џејсон Тиндал и Греем Џонс во обид да се стигне до првата победа во сезоната. Хоув исто така ќе биде отсутен и на гостувањето кај Арсенал, бидејќи во Велика Британија, периодот на изолација е 10 дена.

„Навистина сум разочаран што нема да бидам со сите вас на ‘Сент Џејмс парк’ утре, но важно е да ги следам сите инструкции на здравствените власти. Сакам да ве уверам дека се чувствувам добро и дека не ја загубив мотивацијата. Постојано сум во контакт со мојот тренерски тим и со играчите“, вели Хоув.

Хоув го замеи Стив Брус на чело на Њукасл откако клубот го презеде саудискиот конзорциум ПИФ за 305 милиони фунти.

Scroll to Top