Top Sport

Хозе Енрике го победи ракот и повторно играше фудбал (видео)

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул и Њукасл, Хозе Енрике го одигра својот прв фудбалски меч откако го надмина реткиот рак на мозокот, играјќи во меч на легендите на Ливерпул против Борусија Дортмунд во Хонгконг.

Ливерпул го доби мечот со 3:2, но главната приказна беше враќањето на 33-годишниот Шпанец. По пензионирањето во 2018 година, Енрике доби дијагноза на хордома, редок рак на мозокот, кој го преживуваат само еден од милион заболени. Сепак, тој во април оваа година објави дека ракот е во ремисија.

„Туморот беше на нервот на левото око и тоа беше страшно. Најстрашна беше помислата дека набргу ќе умрам. Имам 33 години и секогаш сум водел здрав живот“, изјави Енрике.

Scroll to Top