Фудбалскиот клуб Челси има нов сопственик, конзорциумот зад кој стои Тед Боили. Роман Абрамович го продаде клубот за 5 милијарди евра.
Со продажбата Челси ја обезбеди својата иднина. Клупските челници сега можат да се насочат кон летниот преоден рок. Најмногу измени че има во одбраната на тимот. Цезар Аспиликуета, Андреас Кристенсен и Антонио Ридигер како слободни играчи ќе го напуштат клубот, а веројатно од Лондн ќе замине и левиот бек Маркос Алонсо.
Според англиските медиуми првото засилување во Лондон ќе пристигне од Лајпциг. Станува збор за Јошко Гвардиол, 20-годишниот централен дефанзивец. Менаџерот Томас Тухел е голем фан на Гвардиол.
Прашање е само колкава сума ќе побара Лајпциг, се шпекулира за сума од 30 до 50 милиони евра.